Утрински Весник
Македонија

Мицкоски до евроамбасадорот Гир: Корупцијата и криминалот ја оставаат државата без иднина

Мицкоски до евроамбасадорот Гир: Корупцијата и криминалот ја оставаат државата без иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со евроамбасадорот Дејвид Гир.

На средбата, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ се разговарако за актуелната политичка и економска состојба, енергетската криза, геостратешките случува во регионот и Европа, како и европските интеграции на државата.

Воедно, Мицкоски смета дека немањето на реформи, лошото менаџирање на владата на СДСМ во однос на економската, енергетската, и здравствената криза, високиот степен на криминал и корупција ја оддалечуваат државата од европскиот пат и не претставуваат европски вредности и стандарди.

Мицкоски го информираше Гир за почестата злоупотреба на европското знаменце при носење на законите во Собранието од страна на парламентарното мнозинство, додавајќи дека власта не ги прифаќа конструктивните забелешки и амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ кои значат бенефит за граѓаните.

Корупцијата и криминалот кои се неказнети ја оставаат државава без иднина и реформи за подобар живот, посочи Мицкоски.

Тој уште еднаш ја афирмираше поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за европскиот пат и полноправно членство на Македонија во Европската Унија, заснована само врз принципиелни основи, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Царинска управа: Уште шест кривични за девет лица до ЈО заради криминал со употребувани возила и глисери

Лефков: Филипче да каже колку пари и плаќале на судијката која го ослободи убиецот или примиле донација од неа?

ОЈО: Се вршат претреси низ Скопје за примање и давање поткуп и проневера