Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка, Тимчо Муцунски остварија средба со амбасадор на ЕУ, Дејвид Гир.
На средбата Мицкоски нагласил дека прв национален приоритет мора да биде борбата против Ковид-19 пандемијата и преземање на мерки против здравствените и економските последици од истата.
Мицкоски истакнал дека за ВМРО-ДПМНЕ стратешки приоритет е полноправното членство во ЕУ, но дека тој пат подразбира конкретни реформи кои примарно мора да се насочат кон реформа на правосудниот систем и борба со корупцијата.
Тој додаде дека негово очекување е дека патот на Македонија кон полноправно членство мора да биде гледано единствено низ призмата на остварувањето на објективните критериуми за членство и во таа смисла тој очекува што поскоро отварање на пристапните преговори, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.