Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Мицкоски до Гир: Правдата е селективна, им се суди само на луѓе од опозицијата

Img 7972

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот на партијата, Александар Николоски, остварија средба со новиот евроамбасадор Дејвид Гир.

Како што информираат од партијата, на средбата се разговарало за актуелната политичка состојба во земјава.

Во текот на средбата Мицкоски на евроамбасадорот Гир му ги посочил главните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија.

„Со новиот мандат на старата влада на СДСМ веднаш се качи цената на струјата за 7.4%. Наместо власта да помогне на граѓаните во справување со економската криза, таа ги качува даноците. Економијата е пред колапс, власта допринесе над 40.000 граѓани да останат на улица, а БДП да падне на -12.7%. Околу 500.000 граѓани живеат под прагот на егзистенцијата, односно денот го поминуваат со 50-тина денари. Токму економската состојба во Македонија говори за способноста на власта да се справи со КОВИД и економската криза“, истакнал Мицкоски.

Како што се наведува во соопштението, евроамбасадорот Гир бил информиран и за степенот на криминал во Македонија.

„Во државата криминалот и корупцијата се на високо ниво, а правдата е селективна, односно се суди само на луѓе од опозицијата“, посочил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој додал дека како одговорна политичка партија имаат јасни и конкретни политики кои ќе ја насочат Република Македонија на вистинскиот пат.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мицкоски ги повика кумановци да гласаат за Максим Димитриевски

37 обвинети, 33 адвокати и 250 оштетени судењето за „Пулс“ ќе биде правен маратон

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?