Утрински Весник
Македонија

Мицкоски до Галовеј: Ситуацијата во Македонија е алармантна, власта не презема ништо

Мицкоски до Галовеј: Ситуацијата во Македонија е алармантна, власта не презема ништо

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоки оствари средба со британската амбасадорка, Рејчел Галовеј  каде разговараа за актуелната политичка, економска и здравствена состојба во земјава.

Во текот на средбата претседателот Мицкоски истакна дека власта не знае да се справи со Ковид-19 и поради нивната неспособност бројoт на заразени и починати е на многу високо ниво. Тој посочи дека во врска со пандемијата не се презема ништо и како на здравствен, така и на економски план.

„Мицкоски укажа и на политичката состојба во која се наоѓа државата каде потенцираше дека криминалот, корупцијата се многу застапени и дека има селективно владеење на правото. Исто така тој кажа дека власта дели тендери на лица кои се блиски до власта и за тоа никој не одговара.

При средбата претседателот Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има јасни и конкретни политики кои ќе ја изнесат Република Македонија на прав пат, како и ќе имаат влијание на членството во Европската унија.На крајот на средбата Мицкоски и  се заблагодари на британската амбасадорка за средбата и се надева дека ваквите средби ќе продолжат и понатаму во иднина кои ќе придонесат за доброто на Република Македонија“, се вели во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Македонија доби „Македонска интервентна пожарна” од 43 специјални транспортни возила за справување со пожарите

Хеликоптер на МВР се вклули во гаснењето на пожарот кај Блаце

Министерството за здравство бара од медиумите да не пишуваат и да не земаат изјави од повредените од Кочани кои се рехабилитираат