Новаци, 28 јуни 2020 (МИА) – Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на средба со жителите од пелагониската општина Новаци истакна дека на 15 јули поддржувачите на нивната коалиција ќе се радуваат на огромна победа. Според Мицкоски, народот пркоси и за две недели ќе приреди огромна победа.
-Изборот е јасен. Она што нас не прави поразлични, тоа е енергијата за нашата Македонија. Обединети, сложни да излеземе наутро и да заокружиме реден број 14, за да не ни се случат уцени, закани да оневозможиме дополнителни страдања. Секаде кој и да ве погледне во очи ќе рече исто е 30 години сите сте исти и кажуваат останав без внукот, без синот, сите заминаа, не стигнува пензијата од први до први, соседот е разочаран, со земјоделците ако разговарате ќе кажат субвенциите ниски. Македонци кренете ја главата горе високо, не очајувајте, доаѓа надеж, ние имаме програма која внимателно ја пишувавме, истакна Мицкоски.
На партискиот промотивен собир во Новаци, Мицкоски посочи дека на народот му е доста од криминал и корупција и дека нема повеќе салонски политичари, тие ќе бидат на улица, а со народот, секој кој ќе биде избран и ќе го слуша народот. мт/ев/