Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Го поздравувам чекорот на СДСМ да ја поддржи Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Го поздравувам чекорот на СДСМ да ја поддржи Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Го поздравувам чекорот на СДСМ да ја поддржи Резолуцијата која ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе во Собранието. Резолуцијата ги содржи националните црвени линии од кои ниту една Влада не смее да отстапи, напиша на својот фејсбук статус, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги обединува сите општествени и политички фактори и да биде носечкиот столб за заштита на националното ткиво и стратешки цели на Македонија. Покажуваме дека обединети сме посилни“, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој во својот статус се заблагодарува на МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА, за, како што потенцира, нивниот придонес со создавање на текстот на резолуцијата.

Мицкоски изразува благодарност и до сите политички партии, и од опозицијата и од владејачкото мнозинство кои како што пишува биле спремни да ја поддржат Резолуцијата.

Изрази надеж дека изјавата од СДСМ е искрена и се базира на сериозните аргументи кои тие како партија ги понудиле.

„Доколку СДСМ не постапат според денес кажаното или доколку се обидат низ процедурални собраниски трикови да го закочат носењето на оваа Резолуција, тогаш ќе направат штета за Македонија. Време е Македонија да престане со лошата пазарџиска дипломатија. Македонија има повеќе ум и мудрост од сѐ што видовме досега“, напиша Мицкоски.

Можете да прочитате

СДСМ: Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ е неуставна

Магла на два патни правци, еден регионален пат ќе биде блокиран од 10 часот

Продор на малку поладен воздух од север, викендов ќе биде постуден