Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Во јавната дебата за законот за дивоградби прецизно ќе се слушне нашиот став

Мицкоски: Единствен народ на Балканот кој своја државност стекнал преку НОБ без европски спонзори е македонскиот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при денешната посета на Штип во рамки на партиските активности за средби со граѓани, бизнис заедницата, како и здравствените работници, истакна дека партијата не поддржува никаква скриена амнестија со Законот за утврдување на правниот статус на бесправно изградените објекти кој минатата недела беше изгласан во македонското Собрание, а претседателот Пендаровски не го потпиша указот.

„Мислам дека се политизира без потреба, повторно се препелкаат од СДСМ и бараат виновник таму каде што не е виновникот. Нека се погледнат самите и ќе го добијат одговорот. Ако има скриена амнестија, таа амнестија многу порано ја даде еден претседател на државата за денешниот премиер, кој што е единствен аболициран политичар и човек кој што со активен судски предмет влезе во неговиот мандат во 2017 година“, рече Мицкоски.

Потенцираше дека со законот за легализација на дивоградби, кој што пратениците го изгласаа во Собранието и за кој се најавува јавна дебата, нема никаква скриена амнестија и дека на истата прецизно ќе се слушнат ставовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Мицкоски: Никој нема против албанскиот јазик, но треба да се знае дека официјалниот јазик во оваа држава е македонскиот

Под дејство на алкохол удрил и усмртил пешак во Марино, предложен притвор за 21-годишник

Манасиевски: За да остане на фотелјата Филипче одбра СДС да биде прокси партија по насока на Заев и Башановиќ