Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема намера да поддржи договор на скриен пазар со Бугарија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема намера да поддржи договор на скриен пазар со Бугарија

При денешната посета на општина Ѓорче Петров, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што СДСМ ja повикувалa опозицијата да учествува во работните групи со Бугарија, а тие одбивале, истакна дека треба да се држи до сериозноста на темата, и ако некој има навистина чесна намера да ја вклучи опозицијата во насока да ги зајакне преговарачките позиции треба да се седне на маса и да се разговара, но нагласи дека очигледно имаат некој пазар позади очите на јавноста и притоа упати порака дека ВМРО-ДПМНЕ таков договор на скриен пазар во иднина нема намера да поддржи.

„Сепак треба да држиме до сериозноста на темата, ова не е циркуска атракција, преку медиуми или преку соопштенија да се каниме на средби или да кажуваме кој кого го побарал на краток триесет секунден телефонски разговор се седнува на маса и се разговара ако има вистинска волја затоа и ние повикавме, тука сме стоиме нудиме наша помош за национално единство, еве прво сакаа па не сакаа една изборна единица, прво се договоривме со Заев па сега овој не го почитува тоа да нема техничка влада па се премислија, па не 120, 90 пратеници па и тоа се премислија, па декларација и тоа не поддржуваат и сега кој е тој што овде работи спротивно од интересите на народот. Така што ако некој има навистина чесна намера да ја вклучи опозицијата во насока да ги зајакне преговарачките позиции прво требаше да го сподели прашалникот 5+1, 4+1 или 3-2 или веќе не знам како го нарекоа, да седнеме сериозно и да разговараме бидејќи се работи за идентитетот на македонскиот народ и за иднината на Македонија како држава. Очигледно дека имаат некој пазар позади завесата и затоа ќе се вратам на прашањето ВМРО-ДПМНЕ таков пазар, скриен, позади очите на јавноста, идната влада, што и да се договори, еве ова е порака и до Петков и до Радев и до сите останати кои што го фасилитираат тој процес нема намера да поддржи“ нагласи Мицкоски.

Можете да прочитате

Приведен е поранешниот директор на СОЗР Пеце Мирчески – се товари за четири кривични дела

Доктор Лазаров алармира: Акушерка од соседна држава доаѓа во Македонија и пораѓа жени дома

Поранешниот директор на СОЗР Пеце Мирчески на распит во полициска станица