Скопје, 11 април 2020
Почитувани сограѓани,
Дозволете ми најпрвин да ја искористам оваа можност да ви посакам многу здравје Вам и на вашите семејства, на сите оние кои се инфицирани од Ковид-19 вирусот побрзо закрепнување, а да ја искористам можноста и да се заблагодарам на медицинските работници, на припадниците на МВР и на Армијата за сето она кое што го прават за македонските граѓани и за Македонија.
Денеска е вториот ден од мојата лична самоизолација, се чувствувам одлично, и здравствено и физички. Денот го искористив за анализа на веста којашто пристигна во раните утрински часови, а тоа е дека ММФ и додели заем на Македонија во вредност од 176 милиони евра, средства коишто треба да бидат наменети за поддршка на здрравствениот сектор и макроекономската стабилност на државата.
ВМРО-ДПМНЕ активно преку техничкиот заменик министер во министерството за финансии учествуваше во изготвување и поддршка на апликацијата пред ММФ.
Истовремено ја користам оваа прилика да го потенцирам и говорот на директорот на ММФ, Кристалина Герогиева која што истакна дека светот денеска се соочува со можеби најголемиот предизвик после втората светска војна, дека кризата која што во моментов се случува е иста или можеби поизразена од кризата која што била во времето на големата депресија.
Доколку на почетокот од годината предвиделе дека 160 држави ќе имаат раст на БДП денеска ситуацијата е дијаметрално спротивна и предвидуваат дека дури 170 држави ќе имаат намалување на БДП. Притоа истакна дека врз основа на информациите со кои што располага очекува некаде пандемијата да заврши во првата половина од оваа година,а потоа постепено да почне нормализирање на состојбата до крајот на 2020 година каде што очекува исклучително голема депресија во светот за да постепеното закрепнување се случи некаде 2021 година.
Имајќи го во предвид кажаното, но имајќи ги и во предвид макроекономските политики на нашата влада и задолжувањата во периодот којшто следи, но истовремено имајќи ја во предвид информацијата на Меѓународниот монетарен фонд дека наместо згоемување на БДП за 3,8 проценти до ниво од 12 милијарди евра ќе имаме намалување од 4 % до ниво од 11 милијарди евра или нешто помалку од тоа, намалување на приходната страна во буџетот. Можам да истакнам дека ни претстои навистина предизвикувачки период, но не само сега во оваа 2020 година, туку и годините коишто следат после 2020 година, бидејќи се очекува кога сето ова ќе се анализира и емпириски ќе се докаже, да имаме зголемување на бруто домашниот долг некаде околу 65 до 68, а можеби и до 70% од нивото на бруто домашниот производ, што навистина претставува исклучително голема бројка и историски најголема од осамостојувањето до денес.
Токму поради овие причини е исклчучително важно да имаме робусна и хируршки прецизна акција кон стопанството во насока на поддршка, за да ги оддржиме компаниите и бизнисите живи и да ги одржиме вработените во рамките на тие компании. За да можат веднаш по стабилизање, односно веднаш после совладување на здравствената пандемија предизвикана од Ковид 19 вирусот да започне онаа економска стабилизација на Македонија.
Она што изминатиов период владата го превзема се чекори коишто се недоволни во насока на ова коешто јас го зборувам, и во насока на тоа што го зборува ВМРО-ДПМНЕ и е содржано би рекол во говорот на Кристалина Ѓеоргиева. Потребна е прецизна и робусна акција во насока на поддршка на стопанството. Она коешто беше прв бран сет на мерки коишто ги донесе владата, навистина не беа доволни и беа критикувани не само од нас како најголема политичка партија и опозиција во моментов, туку и од бизнис заедницата. Она што можеби е добро во овој момент што го гледаме е што оваа би рекол надмена политика на СДСМ и владата да не слушаат никого, гледаат дека не води никаде и полека постепено под притисок на јавноста и под притисок на опозицијата, почнуваат да водат една нова поинаква политика наречена „пиши-бриши“ политика. Во која смисла „пиши-бриши“ политика, уредбата којашто првенствено беше донесена на секоја следна наредна седница под притисок на јавноста, стопанството, опозицијата и граѓаните претрпува определени измени. Последната верзија којашто денеска ја имаме при рака е дека практично работодавачите не се обврзани да ги задржат вработените до септември, туку таа обврска трае два месеца помалку, а тоа е до јули.
И оние рестриктивни мерки на компании кои можат и не можат да ја користат поддршката од Владата е проширена, односно дел од тие рестриктивни мерки се избришани и сега поголем опфат и погололем број на компании кои што можат да ги користат овие поволности, евентуално кои што би ги додела Владата. Тоа се сите оние компании трговец поединец каде што се опфатени и занаетчиите кои што гледаме дека сериозно негодуваа изминатиов период на сетот мерки кои ги предложи Владата. Она кое што како порака би сакал во овој момент да го истакнам до Владата е да ја напуштат онаа би рекол надмена политика, примитивна политика, нека нека почнат да слушат тоа што го говори опозицијата, тоа што го говори стопанството,тоа што го говорат граѓаните и нема да мора да водат пиши-бриши политика, односно уредбите кои што ги носат уште неколку пати во една седница да ги менуваат.
Овој пат е потребно веднаш да седнеме и да размислуваме за втор сет на мерки што би било после јули, затоа што сега во овој момент сите оние политики во насока на поддршка на стопанствотот и компаниите кои што завршуваат со јули потребно е да бидат проширени, надградени после јули затоа што негативните ефекти од пандемијата предизвикана од Ковид 19 вирусот се очекува тогаш да кулминираат не само во Македонија, туку и насекаде во Светот.
Затоа е потребно сега навремено да се донесе нов втор сет на мерки кои што би биле таканаречен процес на after care, после јули месец 2020 година и на тој начин да го одржиме живот стопанството и на тој начин да ја одржиме жива макроекономската стабилност.
ВМРО-ДПМНЕ во период кој што следува ќе продолжи активно да нуди решенија, ќе продолжи активно да нуди политики и во самата влада преку претставници кои што учевствуваат таму, но и ќе ја запознава јавноста. Останува на владата дали ќе продолжи да се однесува примитивно и надмено како што се однесуваше до сега, па потоа со пиши-бриши методата да ги менува уредбата која што сама ги носи или дел од тие политики и мерки кои што ги нуди ВМРО-ДПМНЕ ги прифати веднаш на самиот почеток пред да биде понатаму доцна.
Сосема на крај би сакал на сите граѓани да Ви посакам добро здравје, да ги почитуваме препораките кои што ги препорачува Светската здравствена организација, истовремено да останеме дома во периодот на ограничено движење на граѓаните, а ние да продолжиме активно да работиме на справување со последиците предизвикани од паднедимија која што е резултат на Ковид 19 вирусот.
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки