Утрински Весник
Политички Партии

Мицкоски: Владата да го продолжи пакетот мерки за стопанството

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски во комуникација со претставници од Владата и кабинетот на Пендаровски

 

Скопје, 9 јуни 2020 (МИА) – Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска во видео обраќање изрази загриженост од бројот на заразени со коронавирусот, но и од, како што наведува „стравичниот пад на економијата“. Посочи на неколку индикатори од клучно значење за иднината на нашата економија, но и за иднината на реалниот сектор барајќи од Владата да го продолжи времетраењето на мерките за стопанството и во јули и во август.

Според него, параметарот што го детерминира растот на БДП во првиот квартал што вчера го објави Државниот завод за статистика покажува катастрофален низок раст на македонската економија во првиот квартал, што изнесува нешто повеќе над нулата или цели 0.2 отсто.

-Се сеќавате кога Заев, Спасовски, Царовска, Ангеловска не убедуваа дека блескаме, дека економијата практично соборува резултати? Е, вчерашниот податок сето тоа го демантира, но го демантира на брутален начин, рече Мицкоски.

Правејќи споредба со соседните земји, наведе дека соседна Србија книжи раст од цели 5 отсто, Турција од 4.5 отсто, Хрватска 0.4 отсто и Бугарија од 1.2 отсто.

Втор индикатор што исто така загрижува и што можеби прв пат ни се случува после неколку години, според лидерот на опозицијата, е драматичното намалување на извозот во првите четири месеци од годината, а тоа најмногу се чувствува во април.

-Имено падот во месец април изнесува цели 60 отсто на извозот. Ќе повторам македонската економија успеала да извезе стоки во светот за 60 отсто помалку овој април споредено со април во 2019 година, а во првите четири месеци почнувајќи од први јануари завршувајќи со триесетти април македонската економија успеала да извезе за 21.5 отсто помалку стока споредено со истиот период во 2019 година, рече Мицкоски.

Лидерот на опозициската партија побара од Владата да ги продолжи мерките за помош на реалниот сектор и стопанството и тие да не завршат заклучно со месец мај.

-Да ги продолжат и за месеците јуни, за месеците јули и за месецот август затоа што тоа му е потребно на реалниот сектор. Само здрав реален сектор ќе значи и здрава македонска економија, рече Мицкоски во видео-обраќањето. ев/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт