Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Мицкоски: Ахмети ми рече дека ќе преговара со СДСМ

Мицкоски: Ахмети ми рече дека ќе преговара со СДСМ
300x250 opst2

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, една недела по средбата со Али Ахмети, изјави дека тие воопшто не ни преговорaле за парламентарно мнозинство.

„Со господинот Али Ахмети имавме отприлика едночасовна средба минатата недела во рамките на Собранието. На таа средба Ахмети ме информираше дека ќе почне преговори со СДСМ, со изговор дека тоа е партијата која што победила во македонскиот блок“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека му посакал среќа на Ахмети во преговорите, иако не се согласувал со неговиот став дека СДСМ е партијата победник меѓу Македонците.

„ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија во рамките на Парламентот после неговата верификација на мандатите на пратениците има 40, а СДСМ има 32. Коалицијата која ја предводи на ВМРО-ДПМНЕ има 44, а коалицијата која ја предводи СДСМ има 42“, рече Мицкоски.

Според него, принципите на ВМРО-ДПМНЕ се јасни и тие нема да прифатат диктати и уценувања.

„Кога ќе имаме парламентарно мнозинство ќе ја информираме македонската јавност“, рече Мицкоски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

МВР: Казнет е возачот на службеното возило што дивееше низ Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Со молкот и неоградувањето на СДСМ, имаме легитимно право да сметаме дека тие се мотиватори на говорот на Тричковски

Од куќен, газдата на „Марковски компани“ оди во ефективен притвор