Утрински Весник
Македонија

Мицевски: Јасно е кој го блокира Собранието и на кој не му е грижа за здравјето на граѓаните

Мицевски: Јасно е кој го блокира Собранието и на кој не му е грижа за здравјето на граѓаните

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на прес-конференција изјави дека предложиле на утрешната седница да го поддржат носењето на законите, со тоа што ќе бидат на седницата и ќе обезбедат кворум. Но, како што рече, предлогот бил одбиен.

Мицевски рече дека економските мерки не биле блокирани од ВМРО-ДПМНЕ, туку од СДСМ и ДУИ, кои го одбиле нивниот предлог.

„ Денес, стана јасно кој блокира во собранието, денес стана јасно на кои не им е грижа за здравјето на граѓаните и кои се занимаваат со политиканство и злоупотреба на здравствената криза.

Додека смртните случаи од корона вирусот се зголемуваат, и кога на очиглед на јавноста се покажа дека оваа власт е крајно неспособна да обезбеди вакцини и да го заштити населението, СДСМ, Заев и Филипче единствено што ги интересира е како да профитираат од оваа криза и си играат со судбините на граѓаните, играјќи игри во кои наместо да работат за граѓаните, економијата и стопанството, тие се занимаваат единствено со тоа на секој можен начин, да избегнат одговорност ида ја обвинат опозицијата.

Законите од овој таканаречен петти сет на економски мерки не се блокирани од ВМРО-ДПМНЕ, тие се блокирани од СДСМ и ДУИ.

Доколку им беше навистина грижа за граѓаните немаше да го одбијат овој наш предлог експресно да се донесат овие закони.

Тие го користат овој пакет закони бидејќи знаат дека немаат кворум, нешто што е нивна обврска, туку сакаат да ја искористат опозицијата да им обезбеди кворум и на утрешната закажана седница да протуркаат штетни закони за кои треба да се дебатира бидејќи сметаме дека се штетни за граѓаните и државата“ истакна Мицевски.

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ апелира до пратениците од парламентарното мнозинство конечно да разберат дека во Собранието треба да се борат за интересите на оние кои што ги гласале, а тоа се граѓаните и овој пакет закони е за нивни бенефит, а не, како што рече, да бидат послушници на погубните политики креирани од Зоран Заев и СДСМ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег