Утрински Весник
Македонија

Мицевски: Се случува нов преседан во Собранието и нов скандал на власта

„Денес се случува нов преседан во собранието и нов скандал на власта. За првпат во историјата на Парламентот се закажува нова седница веднаш по завршувањето на седницата за пратенички прашања, и тоа седница посветена на спорниот Закон за продолжување на рокот за пензионирање на судиите“ рече попладнево на прес-конференција координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Тој смета дека „досега невиден скандал е што закон кој предизвика инцидент за време на комиската расправа, сега на шверцерски начин, полутајно и на сила се турка да помине веднаш по седницата за пратенички прашања“.

„Одговорот зошто власта и претседателот на собранието Џафери прават ново насилие во собранието и зошто им се брза со законот, е поради тоа што јавна тајна е дека ова законско решение се носи да се продолжи мандатот на петнаесетина судии и десетина обвинители кои носат партиски и политички одлуки диктирани од криминалното двојство СДСМ-ДУИ.
Со овие обвинители и со овие судии СДСМ-ДУИ го штитат сопствениот криминал, и изработуваат политички монтирани процеси против опозицијата.
СДСМ и ДУИ со законот штитат криминал“ вели Мицевски.

Посочи дека „ова е јасен показател дека СДСМ и ДУИ го губат тлото под нозе, а целатаа јавност е сведок на тоа дека пред полноќ ќе носат штетен закон за сите граѓани“.

Можете да прочитате

Пожар вечерва пред поликлиника во Аеродром

Локализиран пожарот на депонијата „Алинци“, се подготвуваат долгорочни решенија и засилен надзор

Директор фатен со мито од 50.000 евра – вечерва приведен во акција на МВР