Утрински Весник
Македонија

Мицевски: Немаме намера да учествуваме во театрална интерпелација режирана од Џафери и СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги повлече сите амандмани на Законот за државјанство

ВМРО-ДПМНЕ нема намера да учествува во театралната интерпелација режирана од страна на Џафери и СДСМ. Ова го истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, по напуштањето на седницата на која на дневен ред е интерпелацијата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери рече дека ВМРО-ДПМНЕ задоцниле со поднесување на листа на говорници за интерпелацијата, што според опозицијата, значи продолжување на трендот на самоволие и непочит кон процедурите од страна на мнозинството.

„Денес, Талат Џафери не дозволи пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да дисктура по однос на интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Ова следи по скандалозното однесување претходната недела со кое од дневен ред се тргнаа интерпелациите за Бојан Маричиќ и Љупчо Николовски. Собраниското мнозинство на СДСМ и ДУИ секојдневно покажува зошто Македонија е карактеризирана како хибриден режим и зошто меѓународните организации укажуваат дека имаме нефункционални институции“, рече Мицевски.

Тој нагласи дека за прв пат во 30 години, на најголемата опозициона партија и е оневозможено да збори за интерпелацијата на еден министер, чие работење го обележуваат многу скандали.

„Наместо Собранието да биде институција за контрола на владата, Владата преку Талат Џафери го контролира Собранието. Наместо Претседателот на Собранието да работи согласно Деловникот и да обезбедува услови за демократска работа, тој со неговото авторитарно однесување создава атмосфера во која работата на Собранието ќе биде се понеефикасна, а одговорноста ќе биде на собраниското мнозинство и лично на Талат Џафери“, рече Мицевски.

Интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски е поднесена од пратениците од Алијансат на Албанците и Алтернатива. Како предлагачи се потпишани Зијадин Села, Африм Гаши, Скендер Реџепи, Елми Азири, Сурија Рашиди, Халил Снопче, Илире Даути, Сафије Садики Шаини, Атнан Незири, Абдула Салиу, Артина Ќазими, Хусни Исмаили.

Претходно, пред пратениците се обрати Спасовски кој ја оцени интерпелацијата како чудна и истакна дека системот на вредности на опозицијата е изместен.

Можете да прочитате

Молика стара 250 години уништена од силен ветер

Меџити тоа што не може да го блокира, го узурпира, реагира Ирена Витина

„Велибор Манев рече дека тука има закопано човек, на едно место покриено со гранки“, сведочат полицајци