Утрински Весник
Македонија

Мицевски: Етичкиот кодекс не постои, СДСМ го оправда однесувањето на Џафери

Од денес, етичкиот кодекс не постои. Денес СДСМ го оправда однесувањето на Џафери и односот кон администрацијата кој што го слушна целата македонска јавност, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

„ Ова што денес го доживеа администрацијата и на денот кога се случи, тоа што се направи со заклучувањето на пратениците е нешто што се случува во секоја институција во целата држава, секој ден. Омаловажувањата, понижувањата, мобингот, непочитувањето е нешто што на дневна основа го доживуваат сите граѓани на државата, без разлика на верска, етничка или било која припадност.

Вака функционира двоецот, СДСМ и ДУИ. Вака функционира во целата држава. Вака е со се во државата. Секогаш кога треба да понесат одговорност бегаат од истата. Одговорност ќе има. Ќе одговараат пред граѓаните на Република Македонија“ изјави Мицевски.

Тој истакна дека на 18 јуни е општонародниот протест и како што рече, тоа е почеток на крајот на оваа аздисана власт и на ова безредие во кое што живееме.

Можете да прочитате

Кога полицијата му тропнала на врата, Велибор Манев се онесвестил – 24info.mk

Во Kуманово се поставија корпи за отпад со уникатни еколошки пораки – 24info.mk

Теоријата за киднапирање од виртуелен дечко од Шведска – 24info.mk