Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Мицевски: Ако не се повлечат 12 закони со европско знаменце, ќе го блокираме Собранието

Мицевски: Ако не се повлечат 12 закони со европско знаменце, ќе го блокираме Собранието
300x250 opst2

Продолжува теророт на власта со злоупотребата на Европското знаменце при носењето на законите во Собранието на Република Македонија, обвини координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

„ Власта предводена од Заев и СДСМ стана синоним за кршење на процедурите и Деловникот со цел протнување на ненародни, недемократски и непопуларни закони. Шверцерското носење на закони во Собранието, стана одлика на владеењето на оваа ненародна власт.

Имено, сакаме да ја информираме јавноста дека власта и владејачкото мнозинство во наредните денови, има намера да протне 12 нови закони злоупотребувајќи го токму европското знаменце. На тој начин, власта има за цел да си донесе закони без отворена дебата и суштинска дискусија за законите. Власта има за цел да ја оневозможи опозицијата овде во Собранието, да даде издржани и аргументирани забелешки. СДСМ и Заев сакаат сите овие закони да ги протнат без дискусија, шверцерски и недемократски“ истакна Мицевски.

Меѓу законите, како што рече, е и Предлог – законот за контрола на опојни дроги попознато во јавноста како Закон за марихуана. Уште еден закон кој е со европско знаменце е обемниот Закон за парнична постапка кој што има повеќе од 500 членови.

„ За да ви биде појасно, проблемот во постапката со овој Закон е тоа што усогласувањето со правото на ЕУ се однесува на само неколку членови од вкупно 500тини. Ова е класична злоупотреба на европското знаменце и демонстрирање на самоволие од страна на власта.

Уште еден контроверзен Предлог – закон со кој власта има намера да го манипулира системот на избор на судии и јавни обвинители е Предлог-законот за академија на судии и јавни обвинители. Овој закон, првично пред десетина дена беше поднесен во редовна постапка, па беше повлечен, за сега магично и преку ноќ, истиот да се поднесе со европско знаме“ рече Мицевски.

Тој порача дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ апелира до власта и владејачкото мнозинство да престанат да ја уриваат парламентарната демократија и конечно да престанат со, како што рече шверцерското носење на законите.

Од ВМРО-ДПМНЕ ја повикуваат власта да го почитува Деловникот на Собранието и да ги презакажат матичните комисии.

Доколку, СДСМ, Заев и владејачкото мнозинство не го сторат тоа и не се повлечат од оваа налудничава идеја, јавно од оваа говорница им порачуваме дека ќе го блокираме Собранието на Република Македонија и носењето на секаков вид на закони, порача Мицевски.

Можете да прочитате

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

Филипче од Виница: Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму