Утрински Весник
Македонија

Митрески од Ростуше: ВМРО-ДПМНЕ зборува за наводен патриотизам, ние зборуваме со бројки и факти

Митрески од Ростуше: ВМРО-ДПМНЕ зборува за наводен патриотизам, ние зборуваме со бројки и факти

ВМРО-ДПМНЕ зборува за патриотизам во големи наводници, а ние зборуваме со бројки и факти од кои нема бегање и кои лесно можат да се проверат, истакна носителот на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ Јован Митрески на граѓанската трибина во Маврово/Ростуше што се одржа вчеравечер.

„Факт е дека минималната плата беше 9.000 денари, сега е 14.500. ВМРО-ДПМНЕ велат и тие ќе ја зголемеле минималната плата на 60% од просечната, а тоа е 13.000 денари. Како ќе ја зголемат минималната плата на 13.000, кога сега е 14.500“, рече Митрески.

Тој додаде дека факт е дека е решено прашањето на 12.000 стечајци, дека социјалната помош е 10.500 денари, дека 6.000 граѓани земаат социјална пензија и дека проектот МојДДВ на секој граѓанин му враќа на сметка 600 денари месечно.

„ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги трошеше народните пари, ама не за граѓаните, туку за жалани врби, мермер, споменици, скулптури“, истакна Митрески, додавајќи дека само со тоа што ја спречиле изградбата на панорамското тркало ја зголемиле минималната плата и отвориле 60.000 работни места.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор