Утрински Весник
Македонија

Митева: Царовска да поднесе оставка ако учебната година не почне утре

Митева: Царовска да поднесе оставка ако учебната година не почне утре

На ден пред официјалниот старт на училишната година, образованието кое е клуч за креирање и одржување на државата е се уште во фаза на тестирање, изјави Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа вели дека родителите, учениците и наставниците се најзасегнати, а Синдикатот за образование наука и култура алармира за бројни недостатоци додека надлежните бараат трпение.

ВМРО-ДПМНЕ порачува дека министерката Мила Царовска треба да си поднесе оствка од функцијата доколку учебната година не започне утре.

Од опозициската партија прашуваат дали цел овој месец ќе помине во неуспешни обиди и адаптација, додека се презентира нова современа и нормална настава, но и дали Министерството за образование и наука може да состави план за квалитетна учебна година за сите чинители во образовниот процес. ВМРО-ДПМНЕ прашува и дали Министерството за образование и наука признава дека платформата, која не убедуваа дека е најдоброто решение не е добра, не е функционална и се пренасочуваат кон друга.

„Реакциите стигнуваат и од студентите, велат мобилната верзија не е воопшто функционална. Промоцијата за користење на платформата на 5 наставни јазици за жал не ги вклучува ромите и ромскиот јазик, за чие прашање јавноста чека писмен одговор од Министерството за образование и наука. Јавните прашања се безбројни, а одговори се помалку. Дополнително, во време кога постојат бесплатни оперативни системи, бесплатни мрежни сервиси, бесплатна замена за Офис програми, Владата предводена од СДСМ финансира софтверски лиценци, но залудно“, изјави Митева.

 

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ранѓеловиќ: На фронтот во Украина се борат и платеници од Колумбија

Мицкоски: Не сум импресиониран од ова раководство на СДСМ

Мицкоски не бил импресоиниран од новото раководство на СДСМ