Утрински Весник
Економија

Митева: Луѓето во владата не работат за државата, туку за своите лични и партиски интереси

Економијата со години тоне, забележува пад, политики кои ја зголемуваат сиромаштијата, имаме ниски плати, а зголемување на трошоците, кажа Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на отворање на трибината „Наместо ЕУ влада, влада на должничко ропство“ – Потребни се политики кои ќе донесат промени и иднина.

Таа потенцираше дека со СДСМ на власт кризите во Македонија брзо доаѓаат, траат многу долго, но бавно се надминуваат. Дополнително анализирајќи ги мерките кои ги презема владата истата рече дека и ДЗР детектирала лоша реализација на мерките и нивната ефикасност.

Митева истакна и дека граѓаните си го поставуваат прашањето каде завршиле парите од буџетите, на што се потрошени, зошто јавниот долг е толку многу зголемен, но одговорот на ова прашање е многу едноставен, а тоа е дека луѓето во владата не работат за државата, туку работат за своите лични и партиски интереси.

Можете да прочитате

Мицкоски очекува успешна сезона за лозарите

Трипуновски во посета на откупни центри за пченица во Пелагонискиот регион

Во Одборот на директори на ЗК Пелагонија влегува Јове Кекеновски