Стефан Петерхансел е поим за Дакар релито, откако францускиот возач ја обезбеди својата 14-та титула од славното рели на изддржливост во Саудиска Арабија, победувајќи ги старите ривали Насер Ал-Атијах и Карлос Саинс за титулата.
Иако оствари само една етапна победа, искуството на 55-годишниот Петерхансел беше клучно, откако тој беше во водство од втората етапа до крајот, за на крај да победи со 14:51 пред Ал-Атијах во Тојота. Само еднаш тој не беше во топ 3 и во ниту една минута не загуби повеќе од 5 минути пред конкуренцијата.
Овој триумф доаѓа неверојатни 30 години по првиот успех на Французинот на Дакар, каде што победи со Јамаха, во класата на мотоцикли. Петерхансел дебитираше на Дакар во 1988 година, и ги освои титулите за мотоцикли во 1991, 1992, 1993, 1995, 1997 и 1998, пред во 1999 година да се пресели на автомобили. Со Мицубиши победи во 2004, 2005 и 2007, со Мини во 2013, за во 2014 во последната етапа да му биде наредено да го пушти Нани Рома да го претекне во последната етапа. Затоа, тој во 2015 замина во Пежо, кои се вратија на Дакар првпат од 1990, за со нив да ги обезбеди 12. и 13. титула во 2016 и 2017.
Кај мотоциклистите првата титула во кариерата ја освои Аргентинецот Кевин Бенавидес, изддржувајќи го притисокот на Сем Сандерленд. 32-годишниот Бенавидес е првиот Аргентинец со титула кај мотоциклистите.
> Мистер Дакар – Стефан Петерхансел има 14 титули од славната трка <