Полицаец ветеран, припадник на полицијата на Капитол, местото каде што се случија немирите минатата недела, во кои имаше мртви, наводно извршил самоубиство, соопштија официјалните лица, објави Њујорк пост.
Тоа е уште еден удар за полицијата задолжена за чување на Конгресот, затоа што еден полицаец почина за време на немирите во средата. Тоа е Хауард Либенгуд (51), кој почина во саботата, додека не беше на должност, објави полицијата.
„Тој беше член на одделот што го чуваше Сенатот и во нашиот оддел е од април 2005 година. Нашите мисли и молитви се со неговото семејство, пријатели и колеги. Бараме неговото семејство, полицајците и нивните семејства да бидат поштедени од вознемирување во овој многу тежок период“, се вели во соопштението на полицијата.
Полицискиот оддел не го затвори случајот и сè уште ги испитува околностите под кои тој почина, но весниците и репортерите, како што е „Панчбол њуз“, тврдат дека Либенгуд си го одзел животот, додава „Њујорк пост“, наведувајќи дека не се знае која е причината за такво дело.
Полицискиот оддел во Капитол е под интензивен надзор поради пропусти околу демонстрантите кои упаднаа на Конгресот, а началникот Стивен Санд поднесе оставка, што ќе стапи на сила на 16 јануари.