Апликацијата „Мапи“ на „Гугл“ во Австралија забележала контура на патнички авион, и никој не е сигурен како стигнал таму.
Авионот, кој малку личи на Ербас А320, се чини дека слетал на јужната страна на планинскиот гребен, североисточно од Mount Leach.
Тешко е да се каже дали авионот е комерцијален бидејќи нема видливи ознаки на него.
Управата за безбедност на цивилното воздухопловство проговори за чудната глетка.
„Немаме информации за исчезнување на ниту еден патнички авион. Се чини дека постои феномен наречен слики од духови и ова може да е она за што зборуваме“, велат тие.
„Слики на духови“ се секундарни слики најчесто предизвикани од грешка во оптичкиот систем.