Утрински Весник
Македонија

Мисијата на ОБСЕ во Скопје објави вонреден повик за предлог проекти на граѓански организации и фондации

ОБСЕ: Поддржувачите на политичките партии да се воздржат од навредливи содржини врз која било основа

Скопје, 22 мај 2020 (МИА) – Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска објави вонреден повик за предлог проекти на граѓански организации, асоцијации и фондации. Целта на овој повик е да ги адресира потребите на најранливите и запоставените заедници во земјата, во областите од мандатот на Мисијата за време на кризата со ковид-19.

Овој повик, како што се наведува во соопштението од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, е исто така наменет да поддржи организации кои се соочуваат со оперативни потешкотии како последица од епидемијата, вклучително и организации кои што работат со деца и млади, со ризични категории на граѓани и постари лица, лица со попреченост како и со долгорочни физички и психички здраствени проблеми; организации кои што работат со помали заедници, вклучително Рома и Синти; жртви на семејно насилство, родово базирано насилство, трговија со луѓе, бегалци и мигранти,

Поддршката се однесува и на активности во полето на заштита на човековите права и застапување. Повеќе информации за овој повик се достапни на следниов линк: https://www.osce.org/response-fund-skopje.

-Тековната Ковид-19 пандемија и економската криза создадена како последица на пандемијата претставуваат невидена закана за безбедноста и општествената стабилност. Нашиот нов фонд, формиран за справување со последиците од ковид-19, претставува можност за граѓанските организации, асоцијации и фондации да добијат финансиска поддршка во износ до 15.000 евра, која што ќе им овозможи да продолжат со своите значајни активности и за време на пандемијата, изјави Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Оваа иницијатива ОБСЕ ја почнува со поддршка од Министерството за надворешни работи.

-Се надеваме дека голем број иновативни проекти ќе бидат поднесени како резултат на оваа иницијатива кои ќе придонесат кон зачувување на фундаменталните права, пристап до основните услуги и исполнување на заложбите на ОБСЕ од страна на државата за време на престојните три месеци, додаде Која.

Поздравувајќи ја иницијативата на Мисијата на ОБСЕ, министерот за надворешни работи, Никола Димитров даде силна поддршка за овој фонд на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, кој е создаден како одговор на ковид-19. Димитров изразил уверување дека фондот ќе им помогне на локалните невладини организации да продолжат да ги поддржуваат најзасегнатите и најранливите, како и да ги јакнат демократските вредности во нашето општество.

-Јас како поранешен граѓански активист и член на тинк-тенк, знам колку голем беше придонесот на невладиниот сектор во демократскиот пресврт што го направивме изминативе години. Во време кога има голема потреба од работата на невладините организации, а се соочуваат со сериозни финансиски предизвици со оглед на кризата, мислам дека ова е вистинско решение што треба да се поздрави, рекол Димитров, соопшти Мисијата на ОБСЕ во Скопје. ев/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!