Алиреза Мирјусефи, министер и шеф на Канцеларијата за медиуми на Иранската мисија во ОН, жестокот го критикуваше колумнистот на „Блумберг“, Ели Лејк, во врска со неговиот неодамнешен напис во кој тој ја поддржува саботажата на инфраструктурата на Исламската Република, пренесува „Спутник“.
Колумната на американскиот новинар, објавена на 13 јули, е насловена како „Саботажата во Иран е попосакувана од договор со Иран“. Во написот, Лејк пишува за неодамнешната серија инциденти во Иран, вклучувајќи ја и експлозијата во нуклеарниот комплекс Натанз. Новинарот тврди дека ова покажало дека има подобри начини да се фрустрира нуклеарната амбиција на Исламската Република.
Во својата реакција објавена во „Блумберг“ минатата недела, Мирјусефи тврди дека колумната на Лејк спротивно на сите новинарски стандарди поттикнува насилство, терор и саботажа и прави голем број фактички грешки и претпоставки.
Министерот тврди дека фалењето на убиството на нуклеарните научници и поттикнувањето саботажи на иранската инфраструктура се нехумани, варварски акти што промовираат насилство и тероризам. Тој очигледно алудира на извадокот од колумната на Лејк во кој авторот ги спомнал случувањата во раните 2010-ти, кога израелски Мосад изврши серија атентати на ирански нуклеарни научници.
Мирјусефи предупреди дека ваквите мерки само ги држат тензиите високи и може да поттикнат ескалација . Во врска со инцидентот во Натанз, министерот потсети дека Техеран вети решителен одговор ако се заклучи дека некој режим или влада имаат удел во инцидентот, директно или индиректно.
Покрај тоа, тој го критикуваше Лејк поради неговите тврдења дека еден од неодамнешните инциденти во Иран наводно бил насочен кон подземен истражувачки објект за хемиско оружје.
Според Мирјусефи, Иран е најголемата жртва на напади со хемиско оружје во современата историја“, благодарение на поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин и со „срамната помош од западните земји“.
„Иран нема програма ниту планира да произведе хемиско оружје, а тврдењата во колумната не се само бизарни, туку целосно погрешни“, подвлече Мирјусефи.
Тој потсети дека токму Трамп унилатерално ги повлече САД од историскиот нуклеарен договор за Иран од 2015 година и ја прекрши Резолуција 2231 на Советот за безбедност.
Повлекувањето на САД од ЈЦПОА предизвика разочарувачки тензии меѓу Техеран и Вашингтон кои ескалираа откако врвниот ирански генерал Касем Солејмани загина во американскиот напад со беспилотни летала овластен од претседателот Трамп на почетокот на јануари.
Што се однесува до инцидентот во Натанз, има непотврдени извештаи дека САД или Израел стојат зад експлозијата. Техеран, пак, предупреди дека ако истрагата открие дека странски елементи биле вмешани во експлозијата, ќе има последици.