Утрински Весник
Политички Партии

Мисајловски: На компаниите, фирмите и малите бизниси им е потребна брза финансиска инекција

ВМРО-ДПМНЕ: Нема правда без одговорност на највисоките структури на власта

Скопје, 1 април 2020

Државата мора под итно со финансиски инекции да им помогне на сите компании. Вчера имав можност да слушнам дел од мерките што ги најави владата, но дел од тие мерки се фактички скриени мерки. Бидејќи нема директно да се одразат во компаниите, туку тие средства ќе треба да си ги исплатат во друг рок. Занаетчиите, малите продавници, сите оние мали фирми и компании што ги гледаме мака мачат овој период. И затоа потребно е директни средства да се вбризгаат кон нив, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на денешниот Live chat на тема: „Вашите проблеми, заеднички до решенија“.

– Ние предлагаме тоа да се случи со 50 проценти бруто плата, но владата нема слух за тоа, туку прави некои мерки кои немаат некој бенефит за тие компании. Збориме за илјадници работни места. Затоа многу држави во светот се задолжуваат во моментов. И тоа треба државата да го направи што побрзо затоа што треба да се земат ефтини средства. За да компаниите ги задржат вработените и да им дадат плата. Друг проблем е тоа што тие компании незнаат ни дали ќе имаат пласман, бидејќи се затворени границите. Исто така, владата мора да ги реализира капиталните инвестиции што ги има во моментов. Институциите имаат земено средства со кредити, кредити за патишта и слично. Доколку ова започне да се реализира, ќе оживеат дваесет и неколку гранки. Тоа се доплнителни средства што не се во буџетот, туку се средства преку меѓународни транши. И сите средства што ги имаат општините, може да ги вбризгаат. Може да се работи после 21 часот, кога сите се дома, да се асфалтираат улици, и така натаму. И тоа се дополнителни средства што на економијата веднаш и требаат. Владата мора да почне да ги слуша граѓаните, кога гледаат дека сите мерки што ги донесоа наидоа на отпор од народот, вели Мисајловски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт