Утрински Весник
Македонија

Мисајловски: Ги победивме и покрај поткупот и репресиите

Мисајловски: Ги победивме и покрај поткупот и репресиите
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тргнавме со негативни анкети од сите страни, но со многу труд, работа и посветеност успеавме да победиме во изборната единица 2, порача претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

„Со целиот изборен фалсификат, енормниот поткуп од владејачката партија, незаконските асфалтирања во тек на кампања во сите населени места, градење на диво канализации и огромни заплашувања од целата листа на СДСМ, на чело со премиерот на државата, и сите репресивни органи и институции на власта, сепак успеавме да ги победиме“, рече тој.

Мисајловски исто така истакна дека актуелните резултати во однос на мандатите се исход од најголемиот фалсификат во историјата.

„Сепак, за мене е важна поддршката од сите граѓани кои веруваа во нас и тоа е мојата водилка за борбата која секогаш продолжува“, рече претставникот на ВМРО-ДПМНЕ кој упати благодарност до секој комитет и член на партијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче