Утрински Весник
Спорт

Миркуловски: Ова е мојот последен меч за Македонија, се надевам на среќен крај

Миркуловски: Ова е мојот последен меч за Македонија, се надевам на среќен крај

Машката ракометна репрезентација на Македонија се подготвува за реванш-натпреварот против Чешка во баражот за пласман на Светското првенство. По ремито (24:24) во Злин, македонските ракометари в недела ќе треба да победат барем минимално за да обезбедат мундијалска виза.

За искусниот среден бек, Филип Миркуловски, тоа ќе биде последниот натпревар во дресот на националниот тим.

„Ова е мојот последен натпревар во репрезентацијата на Македонија, ќе биде емотивно, но ние сме професионалци. Се надевам дека ќе имаме среќен крај и дека ќе се пласираме на Светското првенство“, изјави Миркуловски.

> Миркуловски: Ова е мојот последен меч за Македонија, се надевам на среќен крај <

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал