Утрински Весник
Македонија
Img 7972

МИОА ќе обезбедува викенд дозволи за здруженија за заштита на правата на животните

МИОА ќе обезбедува викенд дозволи за здруженија за заштита на правата на животните
300x250 opst2

Скопје, 15 април 2020 (МИА) – Активистите за бездомни животни, кои се дел од регистирани здруженија, ќе добиваат дозвола два часа дневно во услови на ограничено движење за време на претстојниот продолжен викенд да можат да ги нахранат и да се грижат за бездомните животни, одлучи денеска Кризниот штаб, информираат од Министерството за информатичко општество и администрација.

– За таа цел, секое регистрирано друштво за заштита на правата на животните, потребно е до 16 април, најдоцна до 12.00 часот, до Град Скопје, а за здруженија регистрирани во другите градови до општинскиот кризен штаб, да достави пополнет образец, за најмногу пет членови од здружението, стои во соопштението.

Сите пристигнати обрасци, Град Скопје и општинските кризни штабови ќе ги доставуваат  до Министерството за информатичко општество и администрација, од каде барањата за дозвола ќе бидат испроцесирани, и дозволите ќе бидат испратени на маил адресата на секој барател посебно.

Дозволите ќе бидат со важност за 18, 19 и 20 април.

Постапката ќе се повторува за секој нареден викенд се додека трае вонредната состојба, што значи дека секој нареден петок до 12.00 часот, здруженијата за заштита на правата на животните ќе треба да достават пополнет образец до Град Скопје или до општинските кризни штабови, стои во сооптението од МИОА. аа/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Андоновски: Ѓорче Петров ќе биде меѓу првите општини со бесплатни „Wi-Fi“ зони

Битиќи од Струмица: Кога Мицкоски ќе каже дека економијата успева, погледнете ги вашите фактури

Со традиционалното формирање на знамето во Прилеп започна чествувањето за 11 Октомври