Утрински Весник
Свет

Минск: Повеќе од 80 лица се евакуирани поради испарување на хлор

Минск: Повеќе од 80 лица се евакуирани поради испарување на хлор

Повеќе од 80 лица се евакуирани, а едно е хоспитализирано, откако испари хлор во спортски објект во Минск, информираат тамошните медиуми.

Според соопштението на Министерството за вонредни состојби на Белорусија, инцидентот се случил кога случајно бил ставен коагулант во резервоарот за хлор, што предизвикало хемиска реакција и испарување на хлор.

Министерството наведува дека се евакуирани 82 лица, од кои 70 посетители и 12 вработени, а едно лице е хоспитализирано поради труење со хлор, пренесуваат агенциите.

Концентрацијата на хлор во зградата за време на инцидентот била 35 пати поголема од дозволеното.

Можете да прочитате

Две лица загинаа откако авион на „Ер Канада експрес“ удри во противпожарно возило на аеродромот во Њујорк

ИДФ соопшти за нови напади врз Техеран

Ирански ракети потенцијална закана за европските престолнини