Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од денеска замина во мини дипломатска офанзива кај сестринските партии во регионот и Европа, информираат од опозициската парија.
Од таму додаваат дека Мицкоски ќе оствари средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан и словенскиот премиер Јанес Јанша.
„Мицкоски веќе рече дека секоја средба има своја цел, посочувајќи дека како една од темите на која ќе се разговара на средбите е токму блокираната европска перспектива на Република Македонија, како и за можноста Унгарија и Словенија да помогнат за придвижување кон европската иднина“, се посочува во пасртиското соопштение.
„Независно што ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција, сметам дека треба да се искористи сиот расположлив потенцијал да се направи своевиден притисок и да се придвижиме кон патот на ЕУ. Имаме две опции – или да се задушиме во домашни обвинувања за тоа кој шири лажни вести, а кој ја говори вистината, па да се спроведува операција со која ќе се сака да се прикрие анексот на Договор за кој јавно говори Бугарија, а гледаме дека власта во Македонија моли Бога да не се дознае. Втората опција е да не чекаме, да тропнеме на вратите кои можеме да ги отвориме и да побараме поддршка за она што е заедничка стратегиска цел, а тоа е одблокирање на патот кон ЕУ“, изјави Мицкоски пред планираните посети.