Утрински Весник
Економија

Министерство за транспорт: Со несмалена динамика продолжуваме со изградба на нови и безбедни автопати

Министерство за транспорт: Со несмалена динамика продолжуваме со изградба на нови и безбедни автопати
Dik 300x250 mk

Министерството за транспорт и врски во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта за само четири години изгради и реконструираше повеќе од 1000 километри патна мрежа во државата, при што се инвестирани преку 1 милијарда евра, реагираат од оваа институција на обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во споредба со Владата која 11 години ја предводеше ВМРО ДПМНЕ каде беа реконстурирани само околу 600 километри патна мрежа“, додаваат од министерството.

Појаснуваат дека силниот инвестициски циклус во изградба на нови и безбедни автопати и нови експресни патишта продолжува со несмалена динамика.

„Оваа 2022 година во Буџетот на ЈП за државни патишта предвидени се 360 милиони евра инвестиции во патната инфраструктура, што е исторски најголема инвестициска програма до сега. Во однос на реконструкцијата на делницата Катланово – Петровец, информираме дека поради слабиот прогрес на изведувачот, ЈП за државни патишта во соработка со Европската банка за обнова и развој го раскина Договорот со изведувачот за да ги заштити државните интереси. Оваа патна делница е ставена во приоритетите на ЈП за државни патишта и во следниот период ќе се дореализира преостанатиот дел од овој патен правец“, е наведено во писмената реакција.

Можете да прочитате

Расправа за Предлог-буџетот за 2026 година во матичната собраниска комисија на 14 ноември

Инфлација зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта, велат од СДСМ

Македонија и Грција на Бизнис-форум во Скопје