Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Министерство за одбрана: Македонските војници во Либан се безбедни

МНР: Во експлозијата во Бејрут засега нема повредени македонски државјани
Img 7972

Министерството за одбрана информира дека припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата на Обединетите нации во Либан, УНИФИЛ, се безбедни и сигурни.

„На мисија во Либан во моментов се ангажирани тројца припадници на Армијата, кои се распоредени и ги извршуваат своите задачи на безбедни локации надвор од Бејрут. По веста за повредени морнарички мировници во мисијата на Обединетите Нации во Либан, УНИФИЛ, чиј брод бил погоден во експлозијата на пристаништето во Бејрут, изразуваме надеж за побрзо закрепнување на мировниците и поддршка до земјите од каде тие потекнуваат“. се вели во соопштението.

Од Министерство за одбрана изразуваат длабоко сочувство за жртвите во разорната експлозија во Бејрут, Либан.

Според последните информации загинати се најмалку 100 лица, а повредени околу 4.000. Разорната експлозија го уништи пристаништето и голем дел од централното градско подрачје на Бејрут.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кога новинарската анализа станува средство за политички напад

Додека Касами бара македонски гласови во Тетово, неговиот син ќе игра за фудбалската репрезентација на Албанија

Почина поранешниот градоначалник и пратеник Панчо Минов