Утрински Весник
Македонија

Министерство за култура: Запазени сите постапки утврдени со Законот за прогласување на Старата Скопска чаршија за културно наследство од особено значење

Министерство за култура: Запазени сите постапки утврдени со Законот за прогласување на Старата Скопска чаршија за културно наследство од особено значење

Скопје, 16 април 2020 (МИА) – Министерството за култура денеска соопшти дека изведувањето на работите на непосредна заштита на културното наследство на Старата Скопска Чаршија се прави во согласност со стандардите за заштита и оти притоа се запазени сите постапки од законот за нејзино прогласување за културно наследство од особено значење.
-Согласно добиените извештаи од НУ Конзерваторски центар – Скопје, како установа под надлежност на Министерството за култура, како и од УЗКН, во конкретниот случај се запазени сите постапки утврдени со Законот за прогласување на Старата Скопска чаршија за културно наследство од особено значење.
Изведувањето на работите на непосредна заштита на културното наследство на Старата Скопска Чаршија се изведува во согласност со стандардите за заштита, се вели во соопштението од Министерството за култура.
Од оваа институција, реагирајќи, на како што посочуваат, написите во медиумите и реакциите на политичките партии поврзани со Старата Скопска Чаршија, информираат дека заедно со Управата за заштита на културно наследство (УЗКН) се одговорни за заштита на недвижното и движното културно наследство во Република Северна Македонија.
-Управата за заштита на културно наследство и Национална установа Конзерваторски центар–Скопје како надлежни установи, меѓу другото, соработуваат за активности поврзани со конзервација и развој на културно наследство. Во согласност со Законот за прогласување на Старата Скопска Чаршија за културно наследство од особено значење, член 9, Националната установа – Конзерваторски центар-Скопје е одговорна за преземање на заштитно-конзерваторски мерки за секоја активност во Старата Скопска Чаршија. Управата за заштита на културно наследство издава одобрение врз основа на претходно издадени конзерваторски услови од страна на Национална установа Конзерваторски центар-Скопје како дел на техничка документација, посочуваат од Министерството за култура. сст/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор