Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Министерство за животна средина: Апел за поголема внимателност од пожари

Министерство за животна средина: Апел за поголема внимателност од пожари
300x250 opst2

Министерството за животна средина и просторно планирање упатува апел за зголемена внимателност и сoвесно и одговорно однесување, бидејќи во услови на екстремно високи температури што подолг временски период ја зафатија нашата земја и најмало невнимание може да биде причина за пожар што може да има катастрофални последици по здавјето на луѓето, природата и животната средина.

Пожарите не само што ја уништиваат природата туку прeдизвикуваат и зголемување на концентрациите на суспендирани честички во воздухот, заради што и во текот на вчерашниот ден е забележано надминување на пропишаната среднодневна гранична вредност речиси на сите мерни места во државата, посочуваат од министерството.

Напоменуваат дека пожарите во близина на водните тела можат да имаат негативно влијание врз површинските и подземните води и да предизвикаат физички и хемиски промени на квалитетот на водата. Во услови на пожар, потребно е пред употреба да се врши контрола на исправноста на водата од бунарите и изворите. Дополнително треба да се има предвид дека водата што се користи за гасење на пожарите се црпи од околните водни тела заради што е можно нарушување на водниот баланс во истите.

Министерството посебно апелира за засилена одговорност и внимателност на правните субјекти што во своите технолошки процеси имаат контакт со хемикалии, деривати и лесно испарливи и запаливи материјали, како и максимално почитување на плановите за заштита од пожар и хаварија.

Можете да прочитате

Албанска државјанка нападнала полцајка во Прилеп

На изборите има две опции, едната е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата а другата е коалицијата СДСМ – ДУИ – Левица, смета Мицкоски

Мисајловски од состанокот за спроведување на Националната развојна стратегија: Инвестираме во одбраната и армиските капацитети за безбедна држава и сигурни граѓани