Утрински Весник
Македонија

Министерството за правда ги извести надлежните во правосудството за прогласување кризна состојба во Дебар и Центар Жупа

Министерството за правда подготвува законски решенија за олеснување на финансискиот товар на граѓаните

Скопје, 13 март 2020 (МИА) – По донесената одлука за прогласување на кризна состојба во Дебар и Центар Жупа, од Министерството за правда информираат дека ги известиле претседателот на Судскиот совет Киро Здравев и Јавниот обвинител Љубомир Јовески, од кои очекуваат до почетокот на работната недела да испратат конкретни напатствија за постапување на судовите и јавните обвинителства со надлежност над овие општини.

– Известени се дека главниот штаб, согласно Законот за управување со кризи, во рок од 24 часа треба да издаде акциски план за постапување кој Судскиот совет и Јавното обвинителство треба да го земат предвид при носењето одлуки поврзани со работата на судовите и обвинителствата кои постапуваат на териториите на коишто е прогласена кризна состојба. Остануваме во постојана комуникација и очекуваме Судскиот совет и Јавното обвинителство до почетокот на работната недела да испратат конкретни напатствија за постапување на судовите и јавните обвинителства со надлежност над овие општини, се вели во соопштението од Министерството за правда.

Од Министерството за правда, потсетуваат дека сите други институции во сферата на правосудството треба доследно да се придржуваат до сите задолженија, препораки и одлуки на Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија. аа/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност