Утрински Весник
Македонија

Министерска видео конференција за унапредување на регионалната соработката во справувањето со последиците од Ковид-19

Прва средба Димитров – Дендиас во Хелсинки
Dik 300x250 mk

Скопје, 19 мај 2020 (МИА) – На иницијатива на шефовите на дипломатиите на Северна Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Дендиас денеска ќе се одржи министерска видео конференција, која претставува континуитет на собирот на високо ниво што се одржа во Солун во февруари годинава со учество на високи претставници на ЕУ.

Цел на собирот е координација и унапредување на соработката на министерствата за надворешни работи од земјите од Западен Балкан и членките на ЕУ од непосредното соседство на регионот во следната фаза од справување со социо-економските последици од пандемијата на Ковид-19.

Се очекува министрите учесници на конференцијата да разговараат за тековната и идната соработка во врска со можните начини за регулирање на прекуграничните патувања, транспортот и туризмот со исполнување на потребните медицински критериуми, како и за взаемната поддршка на националните економии. сп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерството за дигитална трансформација објави јавен повик за изработка на веб страници

Предложен нов список на лектири во основното образование, МОН повикува на јавна дискусија за негово дефинирање

Битиќи: Европа бара резултати, не националистички приказни!