Утрински Весник
Македонија

Министерот Чулев во посета на Единицата за брзо распоредување

Министерот Чулев во посета на Единицата за брзо распоредување

Скопје, 25 април 2020 (МИА) – Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска, во рамки на своите редовни активности, особено во поглед на остварувањето на обврски и надлежности на полицијата поврзани со справувањето со актуелната епидемија од коронавирусот, ги посети припадниците на Единицата за брзо распоредување во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ во Скопје.

Притоа, како што информира МВР, во разговорот со раководните луѓе на единицата министерот Чулев непосредно беше информиран за сите тековни задачи на припадниците на ЕБР примарно околу доследното спроведување на мерките, уредбите и препораките на Владата, но и во делот на другите законски надлежности на оваа организациска единица на МВР.

Во кусото обраќање пред полициските службеници, министерот Чулев ја истакна важноста на оваа специјална единица за Министерството за внатрешни работи, но и за целата држава. Тој истакна дека припадниците на оваа единица се исклучително храбри луѓе чија професионалност и посветеност е потврдена во повеќе клучни моменти за нашата држава.

Чулев нагласи дека посебен акцент е ставен на заштитата на самите полициски службеници кои се во буквален смисол на првата линија на фронтот во превенцијата и сузбивањето на епидемијата и нејзините последици по здравјето на сите наши граѓани, при што апелираше до нив да го заштитат своето здравје и да ја користат заштитна опрема која Министерството за внатрешни работи ја става на нивно располагање.

Во таа насока Чулев потенцираше дека Министерството за внатрешни работи има успешно реализирано набавка на заштитни средства и опрема. Сите потребни количини се веќе пристигнати во магацините на Министерството за внатрешни работи, а голем дел од нив веќе се дистрибуирани до сите организациски единици.

За министерот неспорна е огромната важност и улога на полицијата во реализацијата на институционалната стратегија за борба против епидемијата, така што изразувајќи огромна благодарност потенцираше дека секој поединец кој е вработен во Министерството за внатрешни работи е исклучителен важен во целосното функционирање на институцијата и во таа насока апелираше до нив уште еднаш до нив да водат грижа за себе и за своето здравје, а со тоа да дадат личен придонес во борбата со коронавирусот. сст/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Возилото било кај зградата на Вања три дена пред грабнувањето, вели сведокот на денешното рочиште

Следните неколку денови стабилно, па повторно промена и дожд

Молика стара 250 години уништена од силен ветер