Утрински Весник
Македонија

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ја презема функцијата

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ја презема функцијата

Новиот министер за транспорт и врски Благој Бочварски официјално ја презема функцијата Министер. Тојсе сретна со поранешниот министер Горан Сугарески на кој му се заблагодари на успешно сработената работа во министерството.

На средбата разговараа за реализацијата и обемот на капиталните проекти што се работат во Министерството за транспорт и врски како и за идните проекти што ќе се реализираат во инфраструктурата.

„ Драго ми е што сум Министер во едно од најзначајните министерства во државата кое е двигател на инфраструктурните и економски промени. Ова е огромна чест но и огромен предизвик за мене. Оваа Влада вложува историски најмногу средства во инфраструктурани проекти така и ќе продолжиме. Создаваме модерна инфраструктура, обезбедуваме подобри услови за граѓаните и ја развиваме економијата, ваквиот континуитет ќе го продолжам обврзувајќи се пред граѓаните дека транспарентно и отчетно ќе работиме за да обезбедиме просперитет за сите”, изјави Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.

Министерот Бочварски работниот ден ќе го продолжи со средби со стопанските комори во земјава.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

Мицкоски: Посакувам СДСМ да наликува на конструктивна опозиција

Филипче: Следува нов почеток и пресвртница во делувањето на СДСМ