Утрински Весник
Спорт

Министерот за спорт на Италија дозволи, Серија А продолжува на 20 јуни, купот на 13 јуни

Сите натпревари од следното коло во Серија А може да бидат одложени поради коронавирус

Рим, 28 мај 2020 (МИА) – Италијанскиот министер за спорт, Винченцо Спадафора, официјално го објави продолжувањето на првенството и Купот на земјата.

Натпреварите во Серија А ќе продолжат на 20 јуни, Купот на Италија на 13 јуни.

Реванш полуфиналните средби на Купот на Италија ќе се играат на 13 јуни. Двојките за купот се: Наполи – Интер (1:0 – прв натпревар) и Јувентус – Милан (1:1 – прва средба).

– Италија е на нозе и со право. Фудбал треба да го стори истото. Се договоривме со медицинскиот протокол, кој потврди за апсолутната потреба за карантин ако играчот покажува позитивен резултат за коронавирус, изјави Спадафора.

Италијанското првенство беше суспендирано поради пандемијата на коронавирус на 9 март. Остануваат 12 кола во сезоната. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина