Утрински Весник
Спорт

Министерот за спорт на Италија го потврди стартот на заедничките тренинзи

Министерот за спорт на Италија го потврди стартот на заедничките тренинзи
Dik 300x250 mk

Рим, 5 мај 2020 (МИА) – Тимските тренинзи во Италија ќе започнат за две недели, но сè уште не е познато кога ќе се продолжи фудбалскиот шампионат на земјата, изјави за „Раи“ министерот за спорт, Винченцо Спадафорa.

– По 18 мај, владата дозволува продолжување на тимските активности, кажа Спадафорa.
Тој не сакаше да прецизира точен датум за евентуално обновување на првенството во Серија А. Индивидуалните тренинзи во земјава започнуваат оваа недела.
-Навистина се надевам дека првенството ќе започне повторно. Ако не биде, тоа ќе биде нереално и покрај сите случувања. Обновувањето мора да биде во повеќе од безбедно опкружување, додаде министерот.

Првенството во Италија беше суспендирано на неодредено време во март, поради пандемијата на коронавирус. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс