Утрински Весник
Македонија

Министерот за здравство иницирал вонреден инспекциски надзор за смртта на младиот ракометар

Министерот за здравство иницирал вонреден инспекциски надзор за смртта на младиот ракометар

Министерот за здравство иницирал да се спроведе вонреден инспекциски надзор за постапката за прифаќање и третманот на младиот ракометар на РК „Бутел“, Денис Тот, информира ресорното министерство.

„Во врска со смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот, министерот за здравство согласно Законот за здравствена заштита и Законот за санитарна и здравствена инспекција иницираше Државниот санитарен и здравствен инспекторат да спроведе вонреден инспекциски надзор за постапката за прифаќање и третманот на младиот ракометар“, е неведено во писмената информација од министерството.

Оттаму изразија и сочувство за неговата смрт до семејството и неговите најблиски.

Претходно Јавното обвинителство и МВР излегоа со детали за неговата смрт.

Притоа според надлежните, осомничени се три лица, од кои две, како што беше соопштено се приведени, додека по едниот од нив полицијата и натаму трага.

Можете да прочитате

НЕВРЕМЕ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА: Обилни врнежи, планински снег и силен ветер

Јаневска: Не ми треба преведувач за во Тетово, во Македонија се знае македонски

Савески најави средба со обвинителите во предметот за Кочани