Утрински Весник
Македонија

Министерот за здравство донесе наредба за мерки на мобилизација, организација и распоред на работата и работното време на здравствените установи

МЗ: Нацрт текстот на Законот за лекарска дејност отворен за предлози од стручната фела, невладиниот сектор и граѓаните

Скопје, 16 март 2020

Денеска Министерот за здравство Доц. Д-р. Венко Филипче, врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа (Службен весник на Република Македонија број 58/2000, 44/2002, 82/2008 и 51/2011), член 55 од Законот за заштита на населението од заразни болести (Службен весник на Република Македонија број 66/2004,139/2008,99/2009,149/2014,150/2015 и 37/2016) донесе НАРЕДБА за мерки за мобилизација, организација и распоред на работата и работното време, промена на работни места и услови на работа на здравствени установи и нивни вработени и на приватните здравствени работници во состав на мрежата на јавно здравствените установи, а во врска со користење на медицинско – техничката опрема и останати медицински средства во согласност со потребите и мерките за спречување на појава, внесување, рано откривање, спречување на ширењето и сузбивањето на Корона вирус COVID-19.

Во случај на привремен распоред на работа во согласност со став 1 од оваа наредба, здравствените работници и соработници треба сите права и обврски во врска со нивниот работен однос да ги остваруваат во матичната здравствена установа или по потреба ќе бидат мобилизирани во друга здравствена установа. Наредбата на Министерот за здравство стапува на сила денес, а нејзино непочитување повлекува одговорност.

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа (Службен весник на Република Македонија број 58/2000, 44/2002, 82/2008 и 51/2011), член 13 од Законот за заштита на населението од заразни болести  (Службен весник на Република Македонија број 66/2004,139/2008, 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016) и точка 8 од Нацрт – записникот од Деветнаесетта седница на Владата на Република Северна Македонија, број 44-2147/6, одржана на 14 март 2020 година, Министерот за здравство донесе писмена НАРЕДБА за спроведување на задолжителна самоизолација за секој државјанин на Република Северна Македонија кој влегува во државата на граничните премини, а патува од високо ризични или средно ризични земји утврдени со Листата на светската здравствена организација на денот на кој патникот влегува во државата.

Наредбата за спроведување на задолжителна самоизолација секој државјанин на Република Северна Македонија ја потврдува со давање писмена изјава под полна морална, материјална и кривична одговорност која ја потпишува при влез на граничниот премин.

Непочитувањето на оваа наредба и неспроведување на задолжителната самоизолација  повлекува одговорност.

Одделение за односи со јавност
Министерство за здравство
www.zdravstvo.gov.mk

________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег