Утрински Весник
Македонија

Министерот за здравство Венко Филипче поднесе оставка поради пожарот во Тетово

Министерот за здравство Венко Филипче поднесе оставка поради пожарот во Тетово

Министерот за здравство Венко Филипче денеска како што соопшти, во пишана форма ја понудил оставката до премиерот и владиниот кабинет.

„Никогаш не бегав од критика никогаш не останав должен одговор, последната трагедија многу ме погоди, жалам за загинатите сочувствувам со нивните семејства, нема зборови што тоа можат да го опишат, ниту пак начин да се надомести загубата. Како лекар и министер имам интегритет и денеска понудив пишана оставка до владата“, рече Филипче.

„Пред година и пол, го регистриравме првиот ковид случај во нашата држава, од тој ден до денес секогаш пред граѓаните стоев отворено и транспарентно никогаш не бегав од критика, никогаш не се откажав од битката да ја победиме пандемијата, додаде тој.

Можете да прочитате

Спасовски: Пратениците повеќе ги болат за СДСМ од некои во раководството

Дрвокрадци затекнати среде пустошење на шумата Плачковица

Средба на Сиљановска-Давкова со гувернерот на Народната банка, Славески