Утрински Весник
Македонија

Министерот Димковски на работен состанок со концесионерите на ловиштата

Министерот Димковски на работен состанок со концесионерите на ловиштата

Скопје, 27 јуни 2020 (МИА) – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска одржа работен состанок во ловиштето Лакавица со дел од концесионерите на ловиштата од источниот дел на нашата држава.

На состанокот, како што денеска соопштија од МЗШВ, се разговарало за новиот Закон за дивеч и ловство кој е во завршна фаза на изработка.

– По повеќе одржани средби со концесионерите, конструктивни дискусии и предлози во изминатиот период, може да се каже дека законот е во финална фаза. Законот за дивечот и ловството, претставува нов Закон за ловство кој како новина ќе ги содржи сите елементи кои се во полза на развојот на дивечот, концесионерите, ловниот туризам и ловството во нашата земја, се наведува во сопштението и се додава дека оваа стопанска гранка има многу голем потенцијал за развој, а нашата држава има услови за тоа.

МЗШВ, стои во соопштението, активно работи во обезбедување на уште поповолни услови за развој на оваа гранка. цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор