Утрински Весник
Свет

Министерката за здравство која промовираше „магична напивка“ против коронавирусот е позитивна

Министерката за здравство која промовираше „магична напивка“ против коронавирусот е позитивна

Министерката за здравство на Шри Ланка, Павитра Ванијарачи, која јавно ja поддржа и промовира употребата на „магична напивка“ во борбата против коронавирусот, е позитивна на Ковид-19.

Ванијарачи јавно ја консумираше „магичната напивка“, за која тој што ја направил тврдеше дека обезбедува доживотен имунитет на вирусот.

Како што подоцна беше откриено, сирупот односно напивката содржела мед и морско оревче.

Министерката во ноември лани истури бокал „благословена“ напивка во река, откако самопрогласениот Божји човек рече дека со тоа ќе се запре пандемијата.

Здравствен службеник потврди дека министерката Павитра е највисокиот функционер во таа земја заразен со вирусот.

Шри Ланка, која има 21 милион жители, вчера ја одобри употребата на вакцината на „АстраЗенека“, само неколку часа откако Ванијарачи објави дека е позитивна.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Гласањето во Советот за безбедност на ОН за резолуцијата за Ормуската Теснина одложено за следната недела

Нови напади низ Блискиот Исток, додека Израел го таргетира Бејрут

Нови израелски напади врз Бејрут