Утрински Весник
Македонија

Минатата недела изгаснати 15 огнови на отворено во Скопје

Минатата недела изгаснати 15 огнови на отворено во Скопје

Скопје, 19 март 2020 (МИА) – Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во периодот од 12 март до 18 март оваа година на телефонскиот број 193, кој е дел од кампањата „Пријави оган на отворено“, регистрирала 16 пријави од граѓаните.

Од вкупниот број пријави, во 15 случаи пожарникарите излегле на терен со противпожарни возила и го изгаснале огнот што горел на отворено. Преостанатата една пријава од граѓаните е проследена кај инспекторите на Град Скопје за да покренат постапка против сторителите.

– Во сезоната со зголемено загадување на воздухот, Градот Скопје ја продолжи кампањата за пријавување огнови на отворено на бесплатната телефонска линија 193. Градот Скопје преку својот инспекторат и Територијалната единица за противпожарна заштита, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст организира мешани тимови кои работат секој ден, 24 часа, и се справуваат со огновите на отворено, информираат од прес-службата на Град Скопје.

Посочуваат дека оваа кампања се спроведува трета година по ред и досега има одлични резултати.

Градот Скопје и Бригадата за противпожарна заштита апелираат граѓаните да ги пријавуваат сите случаи на палење оган на отворено, за да може огнот што побрзо да се изгаси, а сторителите да се санкционираат.фф/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Аца Лукас: Целата акција беше лично насочена кон мене – додека овие луѓе се на власт, нема да настапувам во Македонија

Ако живеете во поплавено подрачје превријте ја водата за пиење 10 минути, фрлете ја храната што дошла во допир со поплавата – ИЈЗ со препораки до граѓаните

Ограбена сендвичара на Бит Пазар – украдени пари од касата