Утрински Весник
Македонија

Милошоски со втор негативен тест на ковид-19

Милошоски со втор негативен тест на ковид-19

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски објави на социјалните мрежи дека и вториот тест за Ковид-19 му е негативен.

„Почитувани пријатели, и вториот лабораториски наод од земен брис испадна со негативни резултати. Се надевам дека овие неколку денови ќе следи успешно закрепнување и дека наскоро ќе се видиме во добро здравје и расположение. И ова ќе помине, а потоа на ред е обновата! Секое добро“, напиша на неговиот фејсбук-профил Милошоски.

Тој во вторникот беше примен на Клиниката за инфективни болести поради зголемена температура, откако претходно објави дека неговата мајка е позитивна на Ковид-19.

Текстот Милошоски со втор негативен тест на ковид-19 е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Кај село Миравци пронајдена удавена жена

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава