Утрински Весник
Македонија

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Милошоски: Ако се точни тврдењата на Заев и Касами дека ДУИ е криминална партија, тогаш како ние да гласаме за Џафери
Dik 300x250 mk

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“, по којашто пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски информираше дека ќе гласаат против одлуките за прогласување на вонредна состојба, а кои се ставени како дел од дневниот ред на собраниската седница.

„Ставот на пратеничката група е дека ќе гласаме против овие одлуки за вонредна состојба од три причини. Првата причина е дека одлуките за вонредна состојба беа донесени за подобро справување со пандемијата, за жал денес имаме многу полоши состојби во пандемијата.

Втората основа за овие одлуки беше справување со економските последици од пандемијата и денес неколку месеци после овие одлуки за вонредна состојба имаме драстично влошување на економските состојби во државата со многу зголемена невработеност.

Третата причина е што овие два основи на одлуките за вонредна состојба, справување со пандемијата и помош на економијата, за жал владата ги злоупотреби и наместо да носи мерки посветени на овие теми, носеше уредби со законска сила кои што беа злоупотребени за изборен поткуп или за менување на Изборен законик во 5 до 12, или за лиценци за марихуана, за брусење дијаманти и слично“, рече тој.

Според Милошоски, потврда дека ваквите одлуки за вонредна состојба беа злоупотребени од владата е и фактот што Уставниот суд поништи десетина уредби донесени од владата во тој момент.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ленче Николовска: 100 милиони евра од ИПАРД под знак прашалник, срамота за институциите

Нова услуга на „Визер“! – Празно седиште до вас, повеќе комфор и приоритетно качување

Жена лажно пријавила бомба во училиште