Утрински Весник
Македонија

Милошоски: Османи може да менува статут на ДУИ, а не македонскиот Устав

Милошоски: Османи може да менува статут на ДУИ, а не македонскиот Устав

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски за најавите на министерот Османи за промена на Уставот со цел да му се удоволи на источниот сосед вели дека Османи може да коментира само промена на статут на ДУИ, а не промена на македонски Устав.

„ Господинот Бујар Османи како член на ДУИ може да предлага менување на статутот на ДУИ, ако имаат за тоа потреба или ако за тоа чувствуваат некакви понуди или притисоци од своите членови. Но како министер за надворешни работи Бујар Османи нема право да го нуди македонскиот Устав, бидејќи тој не е на распродажба и да ја отвора Пандорината кутија за да задоволи нечии големодржавни интереси“, истакна Милошоски.

Тој додаде дека македонскиот Устав е сосем пристоен, демократски, европски Устав и нема потреба истиот да биде предмет на поткусурување.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Патролни возила со радар и 360° камера тргнуваат по прекршителите низ улиците

Лишен од слобода возач од Куманово кој пијан предизвикал сообраќајна несреќа

Изгоре куќа во Тетово, пожарникарите брзо интервенираа