Утрински Весник
Македонија

Милошоски оди во самоизолација, неговата мајка позитивна на Ковид-19

На Јутјуб објавени снимки на кои се слуша разговор меѓу Милошоски и Вангеловски
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 26 јуни 2070 (МИА) – Поранешниот пратеник и министер за надворешни работи Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил објави дека оди во самоизолација, затоа што неговата мајка била позитивна на Ковид-19.

– Драги пријатели, мојата мајка Светлана Милошоска, која 40 години работи како медицинска сестра во болницата во Кичево, попладнево ме извести дека е позитивна на ковид-19. Веднаш по известувањето бев исконтактиран од надлежниот епидемиолог од Битола кој според здравствениот протокол ми пропиша мерка самоизолација до 6-ти јули, заради кратката средба со мајка ми пред 5 дена во Кичево. Мерката доследно ќе ја почитувам, како што ги почитував и правилата за носење на маска и честа хигиена во изминативе 4 месеци, напиша Милошоски.

Тој информира дека се чувствува добро и дека засега нема никакви симптоми. Посочи дека до 6-ти јули ќе има две задолжителни тестирања од надлежните медицински лица.

– Она што ние како луѓе треба да го правиме е да ги применуваме заштитните мерки, да бидеме внимателни во однос на пандемијата, и да ги почитуваме советите на лекарите. останатото е на науката и на бога, напиша Милошоски кој е кандидат за пратник на листата на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните избори.фф/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во мое присуство се распрашуваа дали ќе има полициска рација сведочеше Наунова

Продолжува ремедијацијата на депонијата ОХИС со нови 12 милиони евра

Во среда дневните температури под нулата